Груевски: Лилјана Поповска бараше од мене нејзиниот зет да биде ослободен

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска преку Фејсбук одговори на обвинувањата од Лилјана Поповска дека нејзиниот зет бил притворен откако таа сакала да ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. 

-Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање. На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.
До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството. Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.
Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот Суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не, пишува Груевски.

 

 

 

16.02.2018 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега