Агим Чеку и Иса Мустафа - кандидати за градоначалник на Приштина

Агим Чеку од Демократската партија на Косово и Иса Мустафа од Демократскиот сојуз на Косово се кандидати на двете најголеми партии за градоначалник на Приштина на локалните избори, кои ќе се одржат на 3 ноември.

Лидерот на Демократската партија на Косово и премиер Хашим Тачи изјави дека Чеку е актуелен министер за одбрана на Косово и уште е рано да се откриваат имињата, бидејќи консултациите продолжуваат,

Тој изрази увереност дека неговата партија „ќе ја добие битката за Приштина“, а нивниот кандидат ќе му даде „европски дух“ на градот.

04.09.2013 - 12:56
Фото: 
а1.он

најчитано сега