Дамаск предупреди на можен напад врз Турција и Јордан
Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фајсал ал Мекдад предупреди дека Дамаск може да ги нападне Турција и Јордан, ако овие земји се вклучат во воена операција против Сирија, објави турскиот информативен сајт „Хаберлер“.
- Се надеваме дека американските власти ќе постапат разумно и ќе го слушнат гласот на правдата, и нема да преземат провокативни дејствија, изјави Фајсал ал Мекдад.
- Ако војната почне, никој не може да контролира што ќе се случи. Сметаме дека секој напад на Сирија ќе предизвика хаос во земјата и регионот, предупреди сирискиот заменик министер.
04.09.2013 - 12:28