Шекеринска и Димитров на Минхенската безбедносна конференција

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 февруари ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција.

Во фокусот на овогодишната конференција ќе бидат дебатите за улогата на Европската Унија како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија, конфликтите на Блискиот Исток, заканите од тероризмот, прашањата за заштита на животната средина како и сајбер безбедноста.

Конференцијата се одржува во Минхен, Сојузна Република Германија, а ќе учествуваат и секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

 

 

 

15.02.2018 - 14:46
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега