Османи-Бабиќ: Стратегијата за проширување на ЕК е од исклучителна важност за земјите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ. На средбата било констатирано дека Стратегијата за проширување на Европската Комисија претставува една од најважните инцијативи за регионот затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на земјите од Западен Балкан и го враќа овој регион високо на агендата на ЕУ.

- Имаме исклучително позитивен моментум, предводен од Претседателството на Бугарија со Европскиот совет, кое треба да продолжи со преземањето на претседателството на Австрија, а потоа и на Романија, при што секоја од нив претставува цврст поддржувач на процесот на проширување на Европската унија, но и секоја од нив има нескриен интерес за интеграција на земјите од Западниот Балкан во Унијата, истакнал вицепремиерот Османи на средбата во СЕП.

На средбата, како што соопшти СЕП, биле потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, како основа за остварување на уште подлабока соработка и меѓусебна поддршка во остварувањето на евроатлантските аспирации. 

 

 

 

15.02.2018 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега