Погребани младите планинари кои загинаа на Кајмакчалан

Денеска на скопските гробишта се погребани двајцата млади планинари, момчето и девојката кои загинаа трагично на Кајмакчалан.

Планинарскиот клуб Трансверзалец чии членови беа настраданите се обрати до јавноста:

-Во врска со официјалниот извештај, Клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот, истакнуваат од клубот. Досега никој не ја понесе одговорноста за трагедијата. 26-годишната Калина Велеска и 36-годишниот Александар Миновски загинаа при турата на Кајмакчалан. Првичните информации се дека и покрај лошото време била одржана планинарската акција, а двајцата загинати не успеале да се вратат во планинарскиот дом. Се уште не се расветлени сите околности за смртта на двајцата млади, но, искусни планинари.

 

 

 

15.02.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега