Автопатот и аеродромот официјално со нови имиња - Одлуката во службен весник
Скопскиот аеродром Александар Велики и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица од вчера официјално имаат нови имиња.
Владината одлука за преименување излезе во Службен весник, со што „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“.
Автопатот сега ќе го носи името „Пријателство“.
Инаку, одлуката за преименувањето Заев ја соопшти по неговата неколку часовна средба со Ципрас во Давос.
15.02.2018 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа