Извршниот секретар на ЛДП нов директор на затворот Идризово

 

Извршниот секретар на ЛДП, Антонио Димов е нов директор на затворот Идризово со одлука на Владата, на местото на кадарот од Алијансата на Албанците, кој си поднесе оставка, откако партијата ја напушти владината коалиција.

Димов има завршено економски факултет, а ја извршувал функцијата извршен секретар на ЛДП. Тој дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1999 година. Прво се вработил како советник за надворешна трговија во велешката компанија „Брако“, сопственост на сегашниот вице премиер Кочо Анѓушев. Таму останал 5 години, по што преминал на работа кај Штерјо Наков во „Фершпед“. Бил финансиски советник на неколку велешки компании нод каде што потекнува. 3,5 години работел во Торонто, Канада.

Димов е втор директор во затворот Идризово од доаѓањето на СДСМ на власт.

 

 

 

15.02.2018 - 11:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега