Груевски: Во судот треба да ми дадат канцеларија и плата

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска се појави на рочиштето за случајот Тректорија, за блиндираниот Мерцедес. 

Груевски изјави дека бара еднаков третман како оној кој судот му го дава на Зоран Заев.

 – Кон обвинителите се однесуваат со почит, спокојно, а кон одбрана и обвинетите односот е нервозен, со што судот како да дава до знаење на чија страна е, рече Груевски откако се одложи рочиштето.

Груевски на шега рече дека во судот доаѓа толку често што треба да му дадат канцеларија и плата.

Наредното рочиште е закажано за 1 март.

 

 

 

 

14.02.2018 - 14:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега