Заев: Географска одредница за името е прифатлива опција

Зоран Заев денеска од Неготино истакна дека нема да изнесува детали за средбата на Коѕијас, Димитров и Нимиц, но дека Владата, како што наведе, прави буквално се, се обидува да гради внатрешен консензус во државата, во функција на изнаоѓање конечно решение.

- Навистина сме оптимисти за изнаоѓање решение. Секако се испорачуваат одредени пораки од нашиот партнер од грчката страна, за одредени линии и слично,  јас верувам дека треба да изнајдеме решение за добробит на граѓаните на двете земји. Ако бидеме навистина оптимисти во овој процес, ако сакаме навистина искрено да се изнајде решение, тоа е можно, процесот има временски период пред себе. Се надевам дека секој следен чекор ќе не приближува во делот на сите оние ставки кои се отворени, а буквално треба да бидат мост на сплотување и конечно изнаоѓање решение на проблемот со името кој Република Грција го има со нашето уставно име, рече Заев, повикувајќи да му се даде шанса на преговарачкиот процес.

 Во однос на географската одредница, потврди дека е прифатлива опција за македонската страна и потсети дека се споменуват неколку имиња.

- Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отклонуваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози, информираше премиерот.

 

 

 

14.02.2018 - 14:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега