Албанец пет години не смее да влезе во Македонија - го фатиле на Табановце

Регионалниот центар за гранични работи  Север  поднесе  кривична пријава против 45-годишниот М.Џ. од  Албанија за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.

На 07. месецов околу 23 часот и 10 минути на Граничен премин “Табановце”, на излез од Македонија, при пасошка контрола, од страна на полициски службеници, пријавениот приложил на увид фалсификувана патна исправа.

Од страна на надлежен суд на пријавениот му е изречена мерка протерување на странец од земјата во траење од пет години.

 

 

 

14.02.2018 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега