Премиерот Заев во посета на Тиквешијата по повод празникот Свети Трифун (фото)

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун -  заштитникот на лозарите и винарите.

Придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Заев на градскиот плоштад во Кавадарци се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со кого наздрави со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.

Заев Тиквеш 2

Разговараше и со лозари и жители на Кавадарци, а од најмладите од Црвен крст претседателот на Владата си купи и хумано срце изработено од нив за хумани цели.

Посетата ќе продолжи во Неготино, а најавена е и посета на винаријата во Лепово. 

 

 

 

14.02.2018 - 11:43
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега