Адвокатот на Груевски немал записник, бара одложување на судењето

Димитар Дангов, еден од адвокатите на четворицата обвинети во случајот „Траекторија“, рече дека бара да се одложи судењето зашто го немал добиено записникот од 31 јануари. 

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека би било несериозно да се произнесува по предлозите на адвокатите на обвинетите, бидејќи се доставуваат непосредно пред секое рочиште, а не неколку дена претходно.

- „Истите предлози на одбраната се повторуваат постојано, а судот веќе се има произнесено“, рече Лиле Стефанова. Таа додаде дека предлози за доказите може да се доставуваат само во доказна постапка, а не пред почеток на главната расправа. „Обвинетите ги имаат добиено сите докази, освен бомбите и смс пораките, но и тие им се достапни. Обвинетите можеа по три пати досега да ги преслушуваат бомбите“, им рече обвинителката на судиите, пренесе Макфакс.

 

 

 

14.02.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега