Претседателот Иванов денеска на закројување на лозја во Тиквешијата

 

Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопснатво Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозјата во Кавадарци и Неготино.

Претседателот Иванов ќе биде во Кавадарци каде ќе присуствува на закројувањето на лозјата, а премиерот Заев ќе ги посети и Кавадарци и Неготино. Планирано е тој да се оствари средби со земјоделците од овој крај и да се сретне со градоначалниците на Кавадарци и Неготино. 

Традиционално, лозарите на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме

 

 

 

14.02.2018 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега