Ако употребувате дезедоранс ова мора да го знаете

 

Најголем дел од луѓето секојдневно користат дезодоранс не помислувајќи на опасностите кои се кријат од него.

Поради тешките мириси експертите предупредуваат на потенцијалните ризици за здравјето, а поврзани со хемикалиите.

-Потешкотии со дишењето, напади на астма, мигрена, вртоглавици, осип, гушење, мачнини и други проблеми, наброи некои од здравствените ризици професорката Ана Стеинмен од Мелбурн.

Стеинмен минатата година ја посветила на истражување  за влијанието на производите.

Резултатите покажале дека 33 проценти од испитаниците имале проблем со мигрена и напади на астма при користење на мирисни производи како на пример освежувачи на воздух и средства за чистење.

Ова истражување не е единствено кое ја потврдило врската меѓу производите како дезодорансот и здравствените проблеми.

 

 

 

14.02.2018 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега