Притвор за малолетникот кој се обиде да го убие осмоодделенецот во Студеничани

 

15 годишникот С.Р. од скопско Студеничани заработи кривична пријава и 30 дневен притвор, откако пред два дена брутално избоде 14 годишник од неговото село. Насилниот малолетник ќе одговара за обид за убиство.

Повредениот осмоодделенец имаше околу 20 убоди од нож по телото и беше хоспитализиран во Градската болница во Скопје.

Полицијата го сомничеше 15 годишниот С.Р. и веднаш по расчистување на случајот, тој си заработи соодветна кривична пријава. 

 

04.09.2013 - 11:15