Идеите за името денеска на маса меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Вчера, истовремено двете Министерствата за надворешни работи соопштија дека Димитров и Коѕијас ќе се состанат во Виена, а дека денеска ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот.

 

Меѓу другото, двајцата премиери тогаш најавија и дека преговорите ќе се покреваат на повисоко ниво, односно на ниво на министри за надворешни работи.

Заев ја изрази и подготвеноста на македонската страна да се прифати географска одредница, но напомена дека не гледа потреба за промена на Уставот на земјава. Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, најави вчера Ципрас.

 

 

 

13.02.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега