Унапредување на можноста младите да го изучуваат италијанскиот јазик

 

Унапредување на можностите за изучување на италијанскиот јазик кај младата популација во Македонија била меѓу главните теми на средбата на заменик-министерот за образование и наука Арбер Адеми и италијанскиот амбасадор Карло Ромео денеска во Министерството за образование и наука.

МОН соопшти дека Адеми изразил задоволство од досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на образованието, нагласувајќи дека очекува новите заеднички идеи да бидат реализирани што поскоро.

- По примерот на воспоставените практики со повеќе други земји, соговорниците разговараа и за можностите за испраќање на наставници од Македонија во Италија со цел да реализираат настава за децата на државјаните на Република Македонија со привремен престој во Република Италија на нивниот мајчин јазик, информира МОН. 

Адеми се осврнал и на заложбите за обезбедување поголема поддршка за реализација на билатерални научно-истражувачки проекти што било позитивно оценето и од амбасадорот Ромео, во насока на продлабочување на соработката во науката.

Адеми и Ромео разговарале и за приоритетите во образовните политики што ги дефинираше владата и целите согласно со седумгодишната Стратегија за образование.

 

 

 

12.02.2018 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега