И во Кисела Вода ќе се спортува за 8. септември

И Општина Кисела Вода се вклучува во активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, кој годинава ќе се одбележи во духот на спортот. Со два спортски настани, општина Кисела Вода ќе ја одбележи 22-годишнината од независноста на Македонија.

Во четврток во 12 часот, во шаховската школа „Ристо Ничевски“ во населбата Расадник, ќе се одржи шаховски натпревар меѓу најдобрите ученици-шахисти од сите осум основни училишта во општината.

Во петок во 12 часот, општината организира ревијален турнир во мал фудбал. Ќе учествуваат екипите од училиштата „Круме Кепески“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Невена Георгиева – Дуња“ и „Кузман Шапкарев“. Турнирот ќе се одржи на новото повеќенаменско спортско игралиште во населбата 11 Октромври – згради,  кое општината го изгради минатата година. 

04.09.2013 - 10:54