„Залудно собирате потписи за да остане - Црвенковски замина во Белград“
Додека општинските огранизации собираат потписи за да остане, Бранко Црвенковски реши да се одмори и замина за Белград.
„Лидерот на СДСМ на заминување Бранко Црвенковски, од денеска заминува на одмор во Белград. Собирањето потписи во општинските организации низ Македонија за негово кандидирање на претстојниот конгрес на втори јуни, т.е. за останување на чело на партијата е залудно, бидејќи ништо нема да го премисли во одлуката. Таа е конечна, и тој нема да се кандидира", вели за Вест генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров
И главните поддржувачи на Зоран Заев одлучија да заминат на луксузни патувања, иако е кампања во општинските организации. Според информациите до кои дојде Пресс24, Радмила Шекеринска од вчера е замината на луксузно 10дневно патување во Барселона, додека пак, вториот најекспониран поддржувач на Заев, Јани Макрадули е во Њујорк.