Детали за планинарската тура на Кајмакчалан каде загинаа двајца планинари

 

Двајца вљубеници на планинарењето, наместо во авантура заминаа во смрт. Безживотни тела на двајца македонски планинари без пронајдени вчера на врвот Кајмакчалан по долгата потрага на грчките специјални служби.

Условите по кои тие планинареле, според видео објавено на социјалните мрежи, биле естремно лоши. Останува прашањето: Зошто турата не била одлоена кога условите биле лоши?

Во Македонија, тврдат планинари, не постои конкретен Закон за планинарски спортови, објави Фокус.мк. Според нив, единствен член кој може да се поврзе со некаква контрола на движење во планина е членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност кој гласи „Водичите во планина кои водат туристички групи треба да имаат сертификат издаден од асоцијација која во Република Македонија е акредитирана за издавање на сертификат за интернационални водичи во планина.“

Искусни планинари за Фокус потврдија дека за настанот ќе бараат одговорност од ПД Трансверзалец и од Федерација на планинарски спортови на Македонија, но од почит кон загинатите другари, решиле да причекаат да заврши погребот.

Во информацијата околу акцијата на Кајмакчалан, на официјалната страница на ПД Трансверзалец е наведено дека секој учествува на своја одговорност. Ист е случајот речиси со сите планинарски друштва, здруженија и организации во земјава кои организираат разни акции – и покрај тоа што тие се организатори, имаат нивни водач и го наплаќаат учеството, сепак учесниците потпишуваат изјава дека самите сносат одговорност.

Грчки медиуми известуваат дека планинарите кои загинаа завчера на Кајмакчалан, се одделиле од групата, и најверојатно изгубиле ориентација поради лошите временски услови. Членови на нивната група се јавиле на бројот за итни случаеви 112, по што започнала потрагата. Телата на младите планинари биле забележани околу 11 часот во недела претпладне, оддалечени едно од друго околу 30 метри. Исто така, во грчките медиуми е наведено дека планинарите биле предупредени од ски центарот да не одат на планинарење, поради лошите временски услови во саботата наутро.

 

 

 

12.02.2018 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега