Скопските средношколци ќе се пресметаат во фудбал

Од денеска до петок во средните училишта на Град Скопје ќе се одржи промотивен турнир во мал фудбал во машка конкуренција.

За време на турнирот ќе се одиграат натпревари распределени во четири групи, а само првопласираната екипа од групата ќе игра во полуфиналните натпревари кои ќе се одржат во петок на теренот во средното училиште „Здравко Цветковски“.

Турнирот во мал фудбал е дел од низата спортски активности што годинава се одржуваат во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од независноста на Македонија. 

04.09.2013 - 10:26

најчитано сега