Адвокатите на Груевски ги побараа бомбите од судот за да утврдат дали се монтирани, сечени и лепени

 

Во Кричниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

На почетокот на сеудењето адвокатите на Груевски ги побараа прислушуваните разговори од бомбите во аудио форма, бидејќи како што рекоа досега не ги добиле. Посочија дека станува збор за едно цд на кое има 8 разговори од кои 4 веќе биле објавени во јавност, што според нив значи дека не можaт да се користат како доказ.

Адвокатот Боро Тасевски на почетокот побара да ги добијат во аудио форма прислушуваните материјали кои во овој предмет ќе се користат како докази со цел технички лица да утврдат дали гласовите се на обвинетите, но и дали се прекинувани, лепени и монтирани, па продолжувани.. Според него, СЈО до овој момент не ја докажа својата надлежност во постапувањето по овие предмети.

 

 

 

12.02.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега