Одложено судењето за случајот „Монструм“

 

Судењето за случајот „Монструм“ се одложи за 14 март. Судењето е одложено бидејќи не е прибавен предметот со кој се обвинува Сами Љута, еден од четворица кои со првичната пресуда беше осуден на доживотен затвор.

На денешното рочиште обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи, по денешното рочиште во Кривичниот суд побара случајот да го презеде Специјалното јавно обвинителство.

-Очигледно постоеле прислушувани разговори за случајот – рече Рауфи по денешното рочиште, кое беше прво на кое обвинението го застапуваше Наум Пановски.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени пат лица.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

 

 

12.02.2018 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега