Шилегов: Македонија нема територијални претензии од соседите

Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“.

- Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во овој момент е дека меѓу двете влади постои едно расположение, намера да се реши проблемот, вели Шилегов.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто под наслов „Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја“, Петре Шилегов говори за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, за направените промени во Уставот, за Александар Велики, но и за соработката меѓу двата главни градови.

На прашањето за евентуалните уставни промени што Грција ги бара од нас, скопскиот градоначалник објаснува дека постои член во Уставот според кој Македонија нема територијални претензии од соседните земји. 

- За конкретното прашање го променивме нашиот устав во 1992. Во нашиот Устав не постои член што поддржува такво нешто за ниту една земја. Секако, постои член во нашиот устав што вели дека немаме територијални претензии од соседните земји. Затоа ова не треба да биде закана за никој во Грција, вели скопскиот градоначалник.

 

 

 

 

 

11.02.2018 - 15:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега