Снежното невреме на Попова Шапка завеа двајца планинари, најдени премрзнати

Околу 15 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, заталкале и се изгубиле на падините на Попова Шапка при што јавиле дека единствено што знаеле е дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскo-спасителната служба веднаш започнале со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.

Околу 17 часот и 50 минути тие биле пронајдени живи, но премрзнати.

Со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

 

 

 

11.02.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега