Грчките медиуми со снимка: Не се знае дали се живи македонските планинари

Две лица кои се изгубиле вчера попладне на падините на планината Кајмакчалан од грчка страна според извештаите на повеќето грчки медиуми, утрово се пронајдени мртви. Сепак, од грчката против пожарна бригада потврда за трагедијата нема.

-Двајцата тпланинари од Скопје, еден маж и една жена на возраст од околу 30 години, отишле на Кајмакчалан со пријателите. Властите биле алармирани вчера во 14:30 часот, кога започнала истрагата по исчезнатите планинари. Веднаш е даден сигнал на надлежните и специјално обучени спасувачи почнале да ја „чешлаат“ областа за пронаоѓање на двете лица, објавија грчките медиуми.

Денеска рано наутро, двете лица се пронајдени починати паднати во клисура, објавија грчките медиуми.

 

 

 

11.02.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега