Филипче: Доктори од ЕУ ќе ги обучуваат нашите, ќе направиме се да се реши проблемот со смртност на новороденчиња

Бараме партнер, кој ќе биде универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите доктори. Ова го изјавува Венко Филипче, новиот министер за здравство, во интервјуто за Радио Слободна Европа.

- „Навистина ми е жал што имаше таква реакција, но јас во моето излагање ги спомнав сите фактори кои влијаат на смртноста на новороденчињата во Македонија. Сакајќи да направиме акциски план за стратегија за сериозно да се зафатиме со решавање на овој проблем, сакавме да влијаеме врз сите фактори за кои сметаме дека имаат влијание на проблематиката со која што сме се зафатиле. Се осврнуваме и имаме план за тоа како ќе влијаеме на ниво на Гинеколошката клиника во смисла на набавување на соодветна опрема, веќе се започна со процесот на набавување на инкубатори, вели Филипче.

Додава дека порано имало две новороденчиња во еден инкубатор, сега има 16 нови инкубатори. Понатаму имаат план за подигнување на нивото на знаењето на докторите кои работат во таа струка. Започнуваат процес на едукација. Доаѓаат стручњаци од странство, од СЗО, кои по светски стандарди ќе ги обучуваат македонските лекари.

 

 

 

11.02.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега