Прилепчанец се изживувал врз куче - случајните минувачи згрозени

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе известување против 56-годишниот М.М.  кој малтретирал куче.

Како што соопшти МВР, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во Полицијата Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 7-ми овој месец, околу 11:00 часот, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови.

По извесно време, а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност. 

 

 

 

10.02.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега