Хрватскиот претседател Јосиповиќ пристигнува во Македонија

Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ денеска и утре ќе престојува во официјaлна посета на Република Македонија.

На првиот ден од престојот во Скопје Јосиповиќ ќе има средба со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а утре ќе разговара со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски.

За време на посетата Јосиповиќ ќе се сретне и со претставниците на хрватската заедница во Македонија.

Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.

04.09.2013 - 08:22

најчитано сега