Мицкоски и Ѓорчев на молитвен појадок организиран од Трамп по Вашингтон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев, присуствуваше на 66-тиот молитвен  појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Настанот беше искористен за разговори со повеќе претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени, како и влијателни политичари од целиот свет, со цел јакнење на стратешкото партнерство со САД и потврдување на заедничкото пријателство како и  лобирање за интересите на Македонија и афирмирање на целта за членство во НАТО, информираат од партијата.

Истовремено, можноста за разговори беше искористена за воспоставување на контакти на ВМРО-ДПМНЕ, објаснување на позициите по клучните прашања и пренесување на загриженоста за повеќе актуелни политички и економски состојби во Република Македонија, пред се поврзани со недостатокот на дијалог власт -опозиција за повеќе клучни прашања, политички мотивираните притисоци и економската стагнација која се одразува на стандардот на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

 

 

 

08.02.2018 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега