Комити се враќаат на трибина - заврши бојкотот на навивачите на Вардар

Навивачката група Комити го прекина бојкотот и за прв пат оваа сезона ќе застане на Западната трибина на Филип Втори на мечот против Гостивар кој е закажан за 15 септември, недела.

„На одржаниот состанок на навивачката група “Комити Запад”,на ден 02.09.2013, едногласно е донесена одлука за враќање на навивачката група,на следната утакмица на фудбалскиот клуб Вардар,а според распоредот тоа е натпреварот против новиот прволигаш,Ф.К.Гостивар,што ќе се одигра на домашен терен,на ден 15.09.2013 (Недела).
Сакаме да ве известиме дека навивачката група “Комити Запад”, ќе даде се од себе за што поскоро воспоставување нормален однос со структурите во клубот,кои што се надеваме дека конечно ќе ја прифатат реалноста,а таа е,дека само ние сме релевантни да одлучиме кој ќе не претставува и дека со обиди за инфилтрирање на “х” личности во групата,најмногу губи токму тој што безрезервно ја заслужува нашата поддршка,а тоа е светиот за нас,Ф.К.Вардар !!!
Ве повикуваме сите,од помлади до постари,приврзаници,вљубеници и зависници од Вардар, во што поголем број да ја дадете својата поддршка со вашето присуство на западната трибина,за да уште еднаш покажеме дека нашиот единствен интерес е успехот на клубот,потпомогнат од нас,најверните навивачи !!!“ - стои во писменото соопштение на навивачката група

03.09.2013 - 22:07

најчитано сега