Денеска судење за случајот „Сопот“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот" во кој десет лица се обвинети за тероризам. Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот.

На минатото рочиште беше сослушан еден од сведоците за случајот „Сопот“. Тој, не го сменил исказот што го дал во истрагата.

Адвокатот Вулнет Пачуку, по рочиштето, изјави дека клучниот сведок на рочштето во повеќе детали објаснил во целост како се случило и дека тој не може да биде ниту обвинет, ниту сведок, туку само жртва на овој настан.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај. 

Предметот „Сопот“ со новиот распоред на судии во Кривичниот суд му е доделен на судијата Владимир Туфегџиќ.

 

 

 

06.02.2018 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега