Нимиц доаѓа на 9. септември со нов предлог за името?
Артан Груби, шефот на Кабинетот на лидерот на ДУИ, денеска изјави дека медијаторот Метју Нимиц следната недела ќе дојде во посета на регионот, пренесува Радио Слободна Европа.
Групи за РСЕ изјавил дека медијаторот за името на 9 септември пристигнува во регионот и прва негова станица е Атина. Груби ја пласира оваа информација само еден ден по посетата на Али Ахмети на Атина, каде тој оствари средба шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос.
Од Владата сè уште не ја потврдуваат оваа информација.
Некои медиуми денеска објавија дека Нимиц доаѓа во регионот со нов предлог за името. Неодамна Ахмети излезе со информација дека најновиот предлог на медијаторот е Горна Македонија, и според него, оваа опција е прифатлива.
03.09.2013 - 16:04