Вонредна состојба на Малдиви

Владата на Малдиви прогласи вонредна состојба поради политичката криза, што изби откако претседателот Јамин Абдул Гајум не ја испочитува судската наредбата за ослободување на лидерот на опозицијата Мохамед Нашид.

Министерката за правда Азима Шакур во обраќањето на националната телевизија објави дека во земјата е воведена вонредна состојба.

Врховниот суд на Малдиви минатата недела нареди ослободување на опозицискиот лидер Нашид, што предизвика тензии помеѓу судот и претседателот Гујам. Кризата се прелеа на улиците, во вид на насилни протести во главниот град Мале. Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на Парламентот.

Шакур посочи дека не верува оти може да се примени одлуката на Врховниот суд.

 

 

 

05.02.2018 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега