Со пиштоли се борел за ќерката - бегалка - вистинска драма во скопско Арачиново

50 годишниот арачиновец Р.А. заедно со уште пет непознати лица со пиштоли ја враќал неговата ќерка - бегалка.

Како што информираат од полицијата, попладнето на 3. јули годинава, Р.А. и неговата “банда“ дошле во куќата на 23 годишниот А.И. каде била 20 годишната ќерка на Р.А., и започнале вербална расправија за да си ја земат девојката назад и да ја спречат да се омажи со А.И.

Бесниот татко и уште еден насилник кој го придружувал, од пиштол испукале неколку проектили, оштетувајќи го стаклото од ходникот. Полицијата поднесе соодветни кривични пријави.

03.09.2013 - 13:27

најчитано сега