Тројца скопјани нападнале полицајци сред Градски парк

Скопјаните Ф.Б.(27), Н.Р.(30) и Ј.К.(28) вчера направиле хаос во Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат оод полицијата, ноќта во неделата, додека двајца полицајци вршеле легитимирање на Н.Р. и Ј.К, дошол Ф.Б. и физички ги нападнал. Полицајците се обиделе да го приведат, но, тогаш Н.Р. и Ј.К. скокнале во негова одбрана, удирајќи ги и туркајќи ги полицајците.

Ф.Б. ќе одговара за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, додека другите двајца насилници за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“

03.09.2013 - 13:08

најчитано сега