Испил литар Варикина бидејќи родителите не му купувале автомобил - еве детали за малолетникот од Тетово кој се обиде да се убие

Седумнаесет годишното момче кое испи поголема количина Варикина, се обидело да си го одземе животот бидејќи неговите родители не му купувале автомобил.

Како што информираат од тетовската полиција, родителите го пронашле својот син во автомобилот кој го посакувал и до него имало празно шише од Варикина. Обидот за самоубиство на разочараното момче следувал по семејно недоразбирање поради купувањето автомобил.

Момчето било пренесено во тетовската болница, а потоа на скопските клиники. За среќа, момчето не е во животна опасност и неговата здравствена состојба се подобрува.

03.09.2013 - 12:07

најчитано сега