Мажите пораснале за 11 сантиметри

Мажите во просек се речиси 11 сантиметри повисоки отколку во втората половина на 19 век, објавија британските научници.

Тие, анализирајќи ги податоците на стотина илјади мажи од 15 европски земји од 1870 година заклучиле дека просечната висина на мажите од 167 сантиметри пораснала на 177,5 сантиметри кон крајот на 20 век.

Нивната работа е објавена во списанието Oxford Economic Paper. Како што пренесува Би-Би-Си, научниците користеле воени податоци и модерни демографски истражувања. Ја проучувале само висината на мажот, затоа што за жените има премалку историски податоци.

Генетиката, главно се смета за главен фактор за висината, но таа може да ја објасни само разликата во висината меѓу поединците, но не и ваквиот тренд. 

- Нема тука дарвиново објаснување, рече водечкиот автор на студијата Тим Хатон. Луѓето во 20 век го преживуваат она што не би го преживеале во 19 век, додава тој.

Растот е одреден од она што се случува во првите две години од животот. Високата стапка на болести како дишните заболувања или дијарејата, кои предизвикувале голема смртност кај децата во 19 век, исто така влијаее на развојот, а со тоа и на растот на оние кои ги преживеале.

Втор важен фактор се помалите семејства, односно „помалку усти за хранење“. Поголемите приходи, подобрите санитарни услови и подобро образование доведоа до подобра општа здравствена состојба, а со тоа и до поголем раст.

Во северна Европа, наведуваат авторите на студиите, до голем скок во растот дојде меѓу двете светски војни, а во јужна Европа дури по завршувањето на Втората светска војна. Земјите во тој дел на континетот доживеаа пораст на приходите и усвоиле некои социјални мерки какви што северноевропските земји веќе имале десетлетија порано

03.09.2013 - 12:09

најчитано сега