Уште денеска сонце - потоа следат тешки зимски денови

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови значително облачно.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната до 11 степени.

Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер.

Повремени врнежи ќе има и во недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање. 

 

 

 

01.02.2018 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега