Внимавајте: На гостиварчанка и објавиле експлицитни фотографии на Инстаграм

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против 22-годишниот М.Џ. од  село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “уцена“.

Во периодот од март 2017 година до април 2017 година, пријавениот уценувал 17-годишнa девојка од село Горна Бањица дека доколку не ја продолжи врската со него, ќе објавува нејзини фотографии со недолична и компромитирачка содржина. 

Пријавениот испратил фотографии на нејзиното семејство и пријателите, а отворил и профил на „Инстаграм“ на нејзино име, каде што објавил неколку компромитирачки фотографии.

 

 

 

30.01.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега