Ги фатил без карта во автобус во ЈСП - претепан контролор во Драчево

Околу 13 часот во автобус бр.67, кој се движел на релација Зелениково-Транспортен Центар, на влез на селото Драчево, 53-годишниот С.Н. вработен како контролор во Јавното сообраќајно претпријатие, бил физички нападнат од страна на две лица.

Се работи за 22-годишниот С.М. и 26-годишниот И.М.

Причина за физичкиот напад било претходна расправија за неплаќање на карти за превоз. Физичкиот напад е расчистен и против лицата ќе биде поднесена прекршочна пријава од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 

 

 

 

30.01.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега