На скопјанец му го украле возилото па му го фрлиле во Вардар

 

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 28 минути во Единицата за информации и команда Скопје било  пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот К.Н. кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на улицата „Бриселска“ истиот ден, во Полициската станица Карпош.

Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.

 

 

 

30.01.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега