Тетовец уценувал малолетник и успеал да му земе повеќе од илјада евра

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 24- годишниот М.Н од село Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

Како што информираа од полицијата на 11 јануари во маркет во село Боговиње, пријавениот со закани кон малолетникот А.Т. од село Боговиње, кој што бил во продавницата на неговиот татко, успеал да одземе 3.860 денари. На овој начин, пријавениот, во  текот на 2017, во повеќе наврати, од оштетениот одзел околу 80.000 денари.

 

 

 

 

29.01.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега