Викторија Лоба: Сум била прва на дневен ред на Владата зошто сум им се видела како најлесна точка

Пејачката Викторија Лоба која се најде на тапет на медиумите откако излезе информацијата дека во петокот Владата одлучувала за нејзиното државјанство, за Фокус објаснува дека е среќна што го добила.

- Голема чест ми е што добив државјанство и што станав граѓанин на Македонија. Ова е земјата во која што јас планирам да го поминам животот, да творам, да придонесувам. Од осум години сум тука. Пред неколку месеци поднесов барање за добивање на државјанство, и среќна сум што ми беше одобрено. Тоа е редовна процедура за секој поединец и мора првин да помине на владина седница. Моето барање се нашло како прва точка, најверојатно поради тоа што било најлесна точка за решавање, вели Лоба за Фокус.

 

 

 

29.01.2018 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега