Што највеќе ги привлекува мажите и какви девојки бараат

Мажите сакаат мистериозни жени околу кои мора да потрудат, да ги освојат или да мечтаат за нив, тврдат британските стручни лица на основа на една анкета на 126 испитаници од 18 до 55 години.

Жените кои веднаш “ги отвориле картите” пред додворувачите им биле интересни на почетокот, но веќе по една недела барале нови предизвици, односно партнерки кои на првиот состанок не ја отвориле својата душа или не ја раскажале веднаш нивната животна приказна.

Она што најмногу го привлекува вниманието на мажите не е совршено нашминкано лице или свежо исфенирана коса, туку искрена, разоружувачка насмевка. По насмевката, следи топол, срдечен поздрав, на кој ретко кој претставник од посилниот пол може да одолее.

Се разбира, тука се и комплиментите, бидејќи и тие исто така сакаат да слушаат како жените ги фалат и им даваат до знаење за тоа што ги привлекува кај нив, бидејќи на овој начин расте нивната самодоверба. Кога станува збор за сексот, чекањето се покажало како добра стратегија, бидејќи во периодот на запознавање, мажот има можност да и докаже на жената дали ја заслужува или не. И таа може да му даде до знаење дали ја привлекува или само сака да флертува со него, велат експертите.

 

 

 

 

29.01.2018 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега