Келнерка донирала бубрег за редовен гостин (фото)
Освен што поседува неверојатна убавина, Маријана Вилјареал Толентино поседува и огромно срце. Оваа келнерка од популарниот синџир на ресторани „Хатерс" решила да го донира својот бурег на еден чест гостин и така да му го продолжи животот.
Дон Томас поради ракот ги изгубил двата бубрега и докторите не му давале добри прогнози.Тој бил чест гостин во ресторанот „Хатерс", познат по атрактивните келнерки, а таму ја запознал и Маријана.
Иако биле само познаници, Маријана сакала да му помогне на овој добар човек, бидејќи на овој начин сакала да и помогне на својата баба која починала поради болести на бубрезите.
Кога ја слушнав неговата приказна го прашав дали сака да му донирам мој бубрег , а тој прифати.
Јас не можев да и помогнам на својата баба, а ако благодарение на мојот бубрег Дон поживее уште неколку години, ќе бидам многу среќна. Јас својот дел го завршив , сега се е во рацете на Бога – изјавила Маријана.
Тие двајцата пред неколку дена ја извршиле операцијата, а Маријана на својот профил на Инстаграм објавила дека двајцата се добро и дека одлично функционираат.
Цел живот можете нормално да живеете само со еден бубрег – изјавила оваа хумана девојка.
Дон, пак, изјавил дека е неверојатно благодарен што непозната личност толку несебично му понудила дел од себе за да му го спаси животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа