Затвор со 5 ѕвезди: Најбогатиот Арап на светот го покажа „златниот кафез“ (видео)

Саудскиот принц Алвалид бин Талат, кој важи за најбогат Арап на светото е пуштен на слобода од хотелот Рич Карлтон во Ријад, каде голем број од некогашните први луѓе на државата  беа затворени поради обвинение за корупција.

Талат е пуштен од притвор само неколку часа по направеното интервју за Ројтерс, во кое го покажал луксузниот „затвор“ во кој престојувал неколку месеци.

Покажал простории кои се луксузно намесени, голема трпезарија, кујна и вегетаријанска храна.

Како што вели принцот, нема никакви обвиненија против него туку се работи само за недоразбирање со владата.

-Видете јас овде вежбам, шетам, пливам, имам храна, така да се е во ред. Овде ми е како дома, може секој ден да се јавувам на своето семејство и имам своја канцеларија. Се работи само за преговори со владата и наскоро ќе бидам слободен, кај мене е се чисто- рекол Талат.

Погледнете како изгледа затвор за милијардерите:

 

 

 

 

29.01.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега