За два дена не чека спектакл - невидена глетка на небото

Крајот на овој месец ќе доживееме една од најубавите ноќи, барем кога станува збор за набљудувањето на Месечината. Имено, на 31 јануари ќе се поклопат три небесни случувања, кои не се поклопиле повеќе од 150 години.

Прво, Месечината ќе изгледа до 30 проценти поголема и посветла од вообичаено, што е феномен кој се нарекува Супермесечина. Супермесечината е прилично необична појава, па сама по себе е значајна, но тоа е само почеток.

Второ, полната Месечина која ќе се појави на 31 јануари е Сина Месечина. Тоа не значи дека ќе изгледа различно или дека биде сино обоена, туку дека втор пат Месечината е полна во текот на еден месец. Тоа се случува на секои три години.

Трето и веројатно најзначајно досега, истата вечер ќе се види лунарно помрачување.

 

 

 

29.01.2018 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега