Во Струга беснееле 60% помалку пожари од лани

Бројот на пожари во Струга и Струшко летово е намален за 60 проценти во однос на истиот период лани, оцени командирот на Територијалната противпожарна единица Урим Каба.

Струшките пожарникари во август интервенирале 45 пати, а во истиот период лани имале 75 интервенции. Бројот на интервенции во јули минатата година бил 32, додека годинава имало 28 интервенции.

Причина за намалување на пожарите, според Каба се временските услови, но и подигнатата јавна свест кај луѓето, што во пресрет на сезоната се прави со советувања и делење пропаганден материјал.

- Најголемиот дел пожарите во овој период од годината се на отворен простор, каде во одредени моменти беа во опасност станбени објекти и мали иднустриски капацитети. Се случувале поради не внимание, како и намерно со палење стрништа кои се голем проблем за граѓаните на општина Струга, рече Каба.

Територијалната противпожарна единици во Струга минатиот мецес немала ниту една интеревенција на објекти, додека на отворен простор интервенирала 40 пати, од кои две биле на шумски површини, три пати учествувале во гасење депонии и спратни табли, како и два пати технички присуствувале на обезбедување на јавни манифестации.

Во јули имало три интервенции на објекти, на отворен простор пожарникарите реагирале 13 пати, осум на депонии и спратни табли, две технички интервенции и еднаш во сообраќајка.

- Апелираме до граѓаните да внимаваат да не палат не контролирано огнови по стрништата и други отоврени простори, бидејќи може да предизвикаат големи штети. Во непосредна близина има спортски, здравствени, културни и станбени објекти кои често пати се доведуваат во опасноста од невниманието или намерното палење на стрништата, истакна Каба.

Поради застарениот возен парк, тој побара од надлежните барем едно против пожарно бизило, бидејќи, како што рече, возилата секоја година пропаѓаат, а возниот парк не се обновува. 

03.09.2013 - 11:11

најчитано сега